Здравјето доаѓа преку устата, а оваа комбинација е совршен и здрав утрински напиток. Медот и јаболковиот оцет делуваат благотворно поради своите способности за одбрана од инфекции и третирањето на различните околности кои влијаат за подобар квалитет на животот.
Здравствените благодети од мешавината од јаболков оцет и мед:
- Подобро здравје и елиминирање на болката во зглобовите (добро за болки од артритис).
- Елиминирање на проблемите со киселини.
- Подобрување на дигестивното здравје, вклучувајќи ги проблемите со опстипација.
- Губиток на тежината.
- Намалување на нивото на холестерол и намалување на крвниот притисок.
- Ублажување на воспалението на грлото.
- Повеќе енергија.
- Младешки изглед и подобра состојба на кожата.
- Лек за лошиот здив.
- Намалување на воспаленијата.
- Зошто ова е добитна комбинација?
Предностите од овој напиток можат да се објаснат врз основа на хемиските особини на состојките и интеракцијата со телото. Многу експерти веруваат дека се разболуваме кога нашето тело има енормно зголемена киселост (pH под 7).
Оцетот е природно кисел, но кога се консумира, станува алкален. Медот, исто така, има ниска pH, но ја зголемува базноста на телото во моментот на консумирањето.
Овие две супстанци се совршен начин организмот да се ослободи од прекумерната киселост поради стресниот начин на живот и консумирањето на нездрави намирници и пијалоци. Нашето тело функционира на најдобар и најздрав начин кога pH вредноста во телото е меѓу 7,0 и 7,4, благо алкална.
- Како да го направите напитокот:
Помешајте 1 лажица мед, 1 лажица јаболков оцет и 1 чаша млака вода. Најдобро е мешавината да ја пиете на празен стомак, наутро. Консумирајте ја 20-30 минути пред појадокот. Бидете доследни и применувајте ја секој ден.