Некои психолози тврдат дека децата од различен пол не треба исто да се воспитуваат, а мајката и таткото имаат различни задолженија. Какви се вашите размислувања на оваа тема, напишете во коментар!
Не постојат универзални правила за родителство. А сепак, пристапот кон воспитување на момчињата и девојчињата има свои разлики. Ништо помалку важно е различниот придонес на мајката и таткото во процесот на воспитување.
На интернет можете да најдете различни резултати на темите: “Како треба да се воспитува момчето” или “како треба да се воспитува девојчето?” и секогаш ќе наидете да важни разлики во советите кои ги даваат психолозите на оваа тема.
Па ајде да започнеме од почетокот: Тие велат дека нема момчиња и девојчиња по раѓање, туку мажи и жени. Меѓутоа, еден човек нема преку ноќ да стане силен и со самодоверба. Тоа можеби нема да му се случи ниту во неговата 30-та година од животот. Самодовербата и силата се стекнува во текот на растењето.
А жената пак, откако ќе се омажи нема веднаш да стане грижлива, симпатична сопруга и драга мајка. Таа треба да биде воспитана и порасната така. Од раѓање.
Од генерација во генерација се пренесуваше мислењето дека татковците и мајките треба да имаат ист поглед на родителството. Но, според некои психолози, ова не е така. Мажот и жената во суштина се различни, извршуваат различни функции, имаат различна “содржина”. Од тие причини произлегува мислењето дека пристапот во одгледувањето на децата, поточно на синовите и ќерките, не би требало да биде ист.
Еве како мајката треба да го воспитува синот:
-Треба да го почитува неговиот карактер, избор и да му овозможи самостојно да носи одлуки во животот.
-Често да бара помош од него. Тој на тој начин ќе сфати дека на жените им е потребна помош и дека може да им помага.
-Внимателно чекајте. Мажите по природа се стратези. Тие од сите можни опции го бараат најефикасното решение. А тоа не се случува брзо.
-Верувајте во него. Никогаш не се сомневајте во тоа дали тој може. Тој може!
-Бидете блага кон него. Дајте му слобода, во спротивно нема да порасне.
Еве како таткото треба да го воспитува синот:
-таткото има право да биде построг од мајката. Зошто? Во односот меѓу таткот и синот мора да се формира одговорност.
-мајката не смее да се меша во тоа како таткото се однесува со синот (кога е строг во нормални граници, се разбира). Нејзиното сожалување не е пожелно ниту прикладно.
Еве како мајката треба да ја воспитува ќерката:
-Опсипете ја со љубов. Од неа ќе израсне нежна жена, само доколку почувствува безгранична љубов.
-Нежно одредете ги границите. Мајката е таа која им ги одредува границите на ќерките.
-научете ја ќерката на флексибилност. Ова е многу важен женски квалитет, кој во голема мера ја одредува судбината на таа жена.
Еве како таткото треба да ја оспитува ќерката:
-Основно: Надзор, љубов, внимание. Таткото е мерило за вредностите на ќерката во животот.
-Не бидете строг кон ќерката. Ако сте строг, тогаш ќерката ќе има два става во животот: 1.Јас сум недостојна, среќата не е за мене. 2. Секогаш некому му должам во животот.
-Таткото мора да има само една мисија: Неизмерна љубов кон својата ќерка, поддршка и почит.