-Министре Филипче, за каква политичка идеја зборувате?!
Вие повеќе од очигледно имате кратко памтење. Токму вие во текот на тие 11 години бевте послушен дел од таа структура.
Вие бевте советник на еден од министрите за здравство во време кога владата ја предводеше ВМРО – ДПМНЕ, бевте прв човек на Управниот одбор на една клиника во рамки на Кампусот клиники МајкаТереза. Со министрите од партиите на кои не им бевте советник, сега сте во коалиција. Бевте на обука престој во странство финансирани токму од проектите за усовршување на лекарите, кои сега со Зоран Заев ги прекинавте. Заборавивте или така ви чини!???
Или тогаш не ви беше од интерес „да се помрдне“, како што велите вие, нешто во здравството? Е да, сега приказната е поинаква вие седнавте во “жешкото” столче, и сакате да ја задржите функцијата. А со тоа и привилегиите!
Единствено што се случи во изминатиов период беа обиди за тендери и тоа си милионски суми, како оној за биохемиски лаборатории кога контакт лице на новоформираната фирма беше маилот zhuti007@yahoo… Физибилити студии без заклучоци и само штета за јавното здравство.
Вие гледате само на тоа, или како да да наместите тендер, како пред да се напише тендерот да дадете налог да се напише според карактеристите на фирмата која треба да го добие истиот, гледате како парите да завршат во џебот на некој близок до власта! Односно кај Зоран Заев и Ден Дончев. Затоа пропаднаа проектите за Јавно Приватно Партнерство, затоа го одбивте кредитот на ЕУ банката за обнова и развој, а решени сте да земате кредит од комерцијални банки.
Едноставно, вие немате политики во здравството, немате стратегија!
А во исто време немате сила и морал да му се спротивставите на комерцијалистот Зоран Заев.!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.