Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Др. Игор Николов на денешната прес-конференција посочи дека е доста со ПР и скапо платени реклами, потребно е Филипче да се фати да работи и да не се дозволи повторно избувнување на пандемијата на есен. Вакцинацијата се одвива незадоволително, а делта сојот на КОВИД-19 се шири на секаде низ светот. Само во Македонија се тера ПР, ништо конкретно не се работи, истакна Николов.
– Потребно е власта да изнајде механизам за стимулација и за анимирање на што поголем број на луѓе, но и да работи на набавка на нови вакцини. Никаде ги нема најавените купени вакцини кои што Заев ги најави од Фајзер и Спутник. Се што добивме се донации или вакцини кои се од КОВАКС системот. Филипче и Заев можат колку сакаат да зборуваат дека работат, но тоа не се гледа, ефектот е е мал односно незадоволителен. Сега додека не е предоцна власта мора итно и неодложно да ги спроведе мерките коишто ги предлагаме, а со цел да се подготви здравствениот систем за да не ни се случат вториот и третиот бран повторно, нагласи Николов.
Во продолжение тој ги потенцираше проблемите кои според него не треба да им се повторат ниту на пациентите, ниту на здравствениот систем. Еве дел од нив:
– Не смее да ни се повтори да имаме најниска процентуална стапка на вакцинација во регионот. Не смее да ни се повтори главна причина за кластери со Ковид-19 да бидат повратниците од дијаспората. Не смее да ни се повтори пациентите да не можат да дојдат до тест за Ковид-19 или да плаќаат баснословни суми за тестирање. Не смее да ни се повтори дека наводно да има протоколи, но медицинскиот персонал ги нема добиено и секоја болница да лекува спрема своето емпириско искуство. Не смее да ни се повтори недоволно обучен персонал и кадар да раководи со високософистицирана и специфична терапија и опрема, посочи Николов.
– Не смее да се повтори периодот којшто помина зад нас каде што имавме 5.500 починати и повеќе од 160.000 заразени граѓани. Никој во светот не знае колку тешки и опасни може да бидат новите мутации на КОВИД-19, но за да не ни се повторат сите овие работи потребно е здравствениот систем да се подготви и да биде спремен. Потребна е зголемена контрола со тестирање на границите, широка достапност на тестови и масовната вакцинација. Потребно е министерот Филипче да се фати за работа. Народот не смее да страда затоа што некој решил да си тера личен ПР. Време е за Македонија за сите луѓе!