Министерот Филипче излезе со изјава по медиумите дека на Клиниките за хематологија и за Онкологија се спроведуваат легитимни тендери , што е потврдено и од Комисијата за спречување корупција и од финансиската полиција , кои извршиле контроли на барање на Министерството.
Првично и многу е нормално дека комисијата за спречување на корупција и финансовата полиција да го подржи министерот за здравство и да каже дека нема никакви криминални дејанија ниту пак нешто дека се случува. Но, самиот Филипче си знае дека не е тоа така, а исто така и народот повеќе не подлегнува на лагите пласирани како вистина, на ветувањата пласирани како реализирани, едноставно народот повеќе не може да се манипулира. – изјавија граѓаните
Јавноста, народот реагира и не дозволува да продолжи оваа фарса во здравствениот систем во Македонија, посебно во министерството за здравство. Бидејќи сите знаат дека министерот мора да излезе и да ги оправда тендерите кои си ги „средил“ во негова корист и интерес. Јасно и повеќе од тоа е дека министерот Филипче, здравството во Македонија, здравјето на македонските пациенти и подобрувањата во здравството не ги смета за негов приоритет и тоа се работи во втор план во неговата програма, план и идеја што планира да направи со министерството за здравство, додека кај него како министер предничи „работата“ на тендерите тендерската документација и како да „сработиш“ тендер а да не те „фатат“.
Најголемата и најстрашната работа која министерот ја прави во моментот е тоа што го смета министерството за здравство како негова приватна компанија и како таква и ја користи. Тоа е по КЗ злоупотреба на службената должност и се одговара кривично. Само народот има трпение министре, штом вие немате образ и не си давате со време оставка во тој случај кога ќе „истече“ мандатот и заврши вашето министерување вие ќе одговарате за сите „тендерски работи“ што сте ги завршиле без разлика колку сега да ве правда финансовата полиција или комисијата за спречување на корупција тоа се ваши институции.
Се знае и се гледа како ги водите, најголемиот криминал го „правдате“ дека е во ред и дека така треба, тоа кај нас не поминува. – посочија дел од македонските пациенти кои ги сретнавме во клиничкиот центар