Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на ковид-19 од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 2802 тестови преку: ИЈЗ – 178, ЦЈЗ Скопје – 54, ЦЈЗ Битола – 53, ЦЈЗ Прилеп – 27, ЦЈЗ Тетово – 19, ЦЈЗ Куманово – 37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 24, МАНУ – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 184, Авицена – 219, Биотек – 379, Систина – 122, лабораторија Лаор – 189, Синлаб – 41, Ремедика – 40, Плодност – 65, Генеа – 24, Никоб лаб – 507, ВФВ Медикал – 24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 612.
Досега во земјата се направени вкупно 841 125 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 583, бројката на оздравени пациенти е 149 690, на починати е 5472, а бројот на активни случаи изнесува 421.