Новиот коронавирус, наречен COVID-19, разболи повеќе од 43 100 луѓе ширум светот, но многу мал број од нив се деца. Околу 80% од луѓето кои починаа од вирусот во Кина беа на возраст над 60 години, а 75% имаа претходни состојби, се вели во извештајот од Националната Комисија за здравство во Кина. Една мала студија објавена на 30-ти јануари годинава во медицинскиот весник „The Lancet“ вели дека просечната возраст на пациентите заразени со новиот коронавирус е 55 години.
Новиот коронавирус кој веќе усмрти повеќе луѓе од вирусот наречен САРС во епидемијата од 2003 година, по се изгледа дека ги поштедува најкревките, децата. СЗО официјално вели дека мнозинството заразени се на возраст над 40 години, а најпогодени се оние со одредени здравствени потешкотии како дијабетес, срцеви заболувања и повозрасните. Докторите, пак, посочуваат дека најризична група се возрасните над 80 години.
За среќа досега се потврдени само неколку случаи кај деца заразени со вирусот. Минатата недела во Сингапур беше потврден случај кај шест месечно бебе чии родители беа заразени, а бебето беше родено со вирусот.
Симптомите, според СЗО, вклучуваат надразнето грло, секрет во носот, температура или пневмонија, а можат да прогресираат со откажување на повеќе органи дури и смрт кај некои случаи.
Малиот број на деца заразени со новиот коронавирус, по се изгледа дека се должи на тоа што симптомите кои кај нив се јавуваат се во многу поблага форма и истите не се пријавуваат во здравствените установи, вели Др. Марк Липсич, професор епидемиолог на Харвард.