Центарот за јавно здравје во Штип ја потврди информацијата дека новиот заболен со Ковид-19 во нивниот град е возач на такси возило. Тој имал симптоми на коронавирусот, а потоа му бил направен и тест за истиот кој покажал позитивен резултат. Веднаш потоа тој бил примен на Инфективното одделение во штипската клиничка болница.
Од Центарот за јавно здравје во Штип се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти. Заболениот откако ги почувствувал симптомите не работел неколку дена. Меѓутоа, колку време бил инфективен е многу тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Дополнително усложува тоа што сопругата на заболениот е медицинско лице, меѓутоа цело време била во заштитна облека во ординацијата каде работи.