Пред влезот на домот за доенчиња, вчера вечерта З.Б. (50) од Битола пронашол женско бебе на возраст од околу една недела.
-За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а новороденчето било оставено во домот за доенчиња, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.