Низ градовите по Република Македонија завршуваат залихите за бесплатна вакцинација. Но затоа матичните лекари од Куманово можат да обезбедат термини за лицата над 65 години доколку тие сакаат да се вакцинираат против сезонски грип, информацијата пристигна од надлежните, од Центарот за јавно здравје Куманово.
За овие лица, кумановскиот Центар има околу 500 вакцини кои се бесплатни, обезбедени од министерството за здравство.
Пациентите можат да се вакцинираат против грип, секој работен ден од 7 до 15 часот, во просториите на Центарот за јавно здравје.
Оваа јавна здравствена установа од министерството доби 1.800 бесплатни вакцини за пациентите од североисточниот регион и набави 1.400 вакцини за кои пациентите плаќаа по 650 денари.