Пејачката и претседател на здруженито „Борка“, Биба Додева повика по 11-ти пат да чекориме заедно за сите наши Борки и да им ја дадеме нашата поддршка во борбата против ракот на дојка.
„Ве повикувам да застанеме заедно со оние кои се соочуваат со најголемата битка во својот живот. Оваа борба со која секоја од нас може да се соочи е борба против неедуцираноста и предрасудите. Секој чекор кој ќе го направиме заедно е чекор напред кон почитување на сопственото здравје и живот.
Секоја од нас со ставање на рамка, споделување на барем една информација од доленаведените факти, за превенција и рано откривање на ракот на дојка и ставање на хаштаг #borkazasekojnovden, #napredrozovo, #nestesami, дава свој придонес во знак на поддршка, љубов и верба кон оние на кои тоа им е најпотребно.
Една за сите, сите за една.
Ве повикувам сите вас заедно да ја направиме промената, да ги поддржиме сите оние кои се борат и чиј живот е пред огромен предизвик, да знаат дека не се сами! Напред розово!“ – напиша таа на својот профил на Фејсбук.
И нашата Ана Бунтеска ја поддржа оваа кампања.
Покрај ова, Биба која ја загуби мајка си поради ракот, додатно посочи важни факти за ракот на дојката, кои треба да ги знаат сите.
1. Ракот на дојка е најчест кај жените, но и мажите можат да добијат рак на дојка. Во Македонија од 7 до 12 мажи добиваат рак на дојка.
СОС линија: 075 22 88 99
– јадете здрава и добро избалансирана храна која е богата со овошје, зеленчук и житарки;
– ограничете го внесувањето на шеќер и другите масни производи;
– ограничете го внесувањето на алкохол – една чаша на ден;
– одржувајте нормална телесна тежина;
– правете редовни прегледи на дојките;
– посетете го Вашиот матичен лекар доколку забележите какви било
промени на вашите дојки;
– запомнете дека НЕ треба да пушите!
-грутка или задебелување во градите или пазувите.
-промени во брадавката (задебелување, вовлекување, крварење или исцедок).
-иритирана или зацрвенета кожа на дојката.
-промена во големината на градите или формата.
-абнормалност на мамограм.
ФАКТИ:
2. Се повеќе жени добиваат рак на дојка. Во Македонија се јавуваат 3 до 4 нови случаи секој ден.
3. Вашиот ризик за добивање рак на дојка се зголемува како што стареете. На жените од 20-30 годишна возраст им се препорачува месечен самопреглед. На жените од 30-40 годишна возраст им се препорачува секоја година да прават ЕХО преглед а мамографија се препорачува да се прави секоја втора година на жени над 40 години, освен ако не е поинаку препорачано од лекарот.
4. Семејна Историја. Повеќето жени кои добиваат рак на дојка немаат заболени од рак на дојка во своето семејството. Но, ако имате два или повеќе членови во семејството (на пример мајка, сестра, баба или тетка од која било страна) на кои им бил дијагностициран рак на дојка, разговарајте со вашиот матичен лекар за постоечките скрининг програми и прегледи.
5. Имате промени на дојките? Многу е важно да се увидат промените на дојките и да се направат прегледи колку што е можно побрзо за да се утврди промената. Самопрегледот може да се прави пред огледало, додека се туширате или додека лежите во кревет. Запомнете дека не секоја промена значи дека имате рак. Постојат многу видови бенигни промени на дојките, но тоа треба да го утврди соодветен доктор-специјалист радиолог. Никој не го познава Вашето тело повеќе од вас самите!
6. Ракот на дојка може да се открие рано! Со мамографскиот преглед (Х-зраците) ракот може да се најде многу порано пред жената да може сама да го опипа. Посетете го вашиот матичен лекар и консултирајте се со него кога да започнете со Вашата мамографија.
7. Групи за психосоцијална помош и поддршка.Групите за психосоцијална помош и поддршка можат да им помогнат на луѓето да се чувствуваат помалку изолирано, да добијат информации за болеста, како полесно да се справат со неа. Но, исто така можат да им помогнат и на нивните пријатели и семејства, бидејќи ракот не е болест само на индивидуата, туку со таа болест е погодено и целото семејство. Јавете се во БОРКА и информирајте се за групите за поддршка. Ве очекуваме!
8. Околу една третина од случаите на рак на дојка се поврзани со прекумерна телесна тежина и физичка неактивност. Намалете го Вашиот ризик:
9. Промени во дојката, кои можат да укажуваат на рак на дојка и на кои треба да се обрати особено внимание од страна на лекарот вклучуваат:
10. Почетната фаза на ракот на дојка може да се излекува кај повеќе од 95 % од заболените. Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на болеста.