Верувате дека освојувањето на машкото срце воопшто не е лесно! Кога е во прашање романтиката, морате да ја покажете вашата љубов кон него и што е најважно, да го размазите. Мажите се деца во срцето и секогаш сакаат да добиваат внимание од својата дама. Покрај тоа, мажите сакаат свој простор. Доколку го гушите, ќе го одбиете.
Расправиите се составен дел од врската. Освојување на неговото срце по битката бара некои паметни совети. Ако се уште не сте го освоиле неговото срце во креветот, секако треба да се обидете со нешто од следново.
Гушнете го силно!
По расправија, вашиот партнер ќе спие со свртен грб. Тоа е очигледно и не можете многу да направите околу тоа. За освојување на срцето на вашиот партнер, само прегрнете го цврсто и заспијте. Тој нема да се заврти веднаш, но бидете трпеливи. Може да го бакнете во грбот и да му шепнете некој убав збор!
Обидете се со неговата омилена поза
Ако не сте скарани, а сакате да го освоите неговото срце во креветот, треба да се отворите. Кога станува збор за сексот, морате да бидете флексибилни. Обидете се со сексуалната поза која тој ја сака, а вие не. Дури и ако не ви се допаѓа, обидете се еднаш за да го освоите неговото срце. Обидете се со таа секс поза, тоа нема да ве убие ниту пак ќе му наштети на вашето здравје.
Уредете ја собата
Овој трик не само што ќе го подобри вашето расположение за секс, туку ќе го импресионира вашиот маж. За освојување на неговото срце, зголемете го својот сексуален нагон обидувајќи се со зачинети трикови. Кога сте возбудени, вашиот маж ќе има поголема желба за сексуален однос со вас.
Носете нешто што тој сака
Вие можеби не се чувствувате удобно во танга, но вашиот маж навистина сака да ве гледа во неа. Обидете се да го изненадите.