Откако една година околу 1000 граѓани беа принудени од соседните земји да купуваат терапија за превенција од маларија зошто во Македонија нема во ниту еден Центар за јавно здравје министерот за здравство допрва ќе набавува вакви таблети кои се пијат како превенција од ова заразно заболување доколку граѓаните одат во ризични земји во Африка и Азија каде ја има болеста која се пренесува преку комарци.
-Терапијата за превенција од маларија влезе во нашиот следен тендерски интервал кој ќе почне идниот месец. Сега се обидуваме да најдеме заинтересирана компанија која преку интервентен увоз ќе достави мала количина терапија против маларија рече министерот за здравство Венко Филипче
За парадокс токму земјава деновиве е домаќин на Бордот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и турбекулоза.