Во најголемиот македонски затвор Идризово откриен е трет случај на заболен затвореник од Ковид-19. Тој бил на лекарски преглед за друга здравствена состојба кога бил дијагностициран дека е позитивен на вирусот. Затворската управа се чуди како заболел затвореникот бидејќи ниту тој ниту другите 32-ца осуденици од оделението во Идризово не биле на викенди.
Заболениот случај пред десетина дена имал посета согласно протоколите, а од управата во затворот сега истражуваат како заболел. Затвореникот нема симптоми, а поради настанатата ситуација 29 осуденици се наоѓаат во изолација и не им се дозволени предвидените прошетки. Затворениците се пожалиле дека немаат соодветна лекарска помош, а некои велат дека имаат и температура и симптоми.
Засега тројца цимери на заболениот се префрлени во соодветна просторија за самоизолација во рамките на затворот Идризово.