Храната и пијалоците кои ги внесуваме во телото значително влијаат на нашето здравје, расположение, но и на телесните мириси кои ги излачуваме преку потта, плунката или големата и малата нужда.
Сакате да бидете сигурни дека вашето варење функционира како што треба и сакате да ја отстраните секоја можност за лош здив и непријатен мирис на пот, тогаш подгответе го овој вкусен, заситувачки и многу здрав напиток од кој вашето тело, но и партнер и пријател ќе бидат многу задоволни.
Состојки:
- 2 јаболка
- 4 до 5 листови свеж кељ
- 1 китка магдонос
- 1 исцеден лимонов сок
- 1 парче ѓумбир
- Состојките добро измијте ги во ладна вода и сите заедно ставете ги во блендер
- Ако овошјето и зеленчукот не се разладени во блендерот додадете и неколку коцки мраз
- Се добро измешајте, и консумирајте наутро на празен стомак или меѓу оброците