Овој природен лек е одличен за здравјето, бидејќи го јакне имунолошкиот систем, ги чисти артериите, се бори против инфекциите и го намалува нивото на холестерол.

Ова е популарен лек во светот кој содржи многу здрави состојки, а тоа се ѓумбир, лук и лимон.

Лукот поседува антивоспалителни, антивирусни и антисептички својства, а богат е и со витамин Ц, Б6, манган и влакна.

Ѓумбирот е здрав зачин кој ги лекува воспаленијата (содржи противвоспалителни состојки како што се каротен, куркумин, салицилат, капсаицин), дигестивните проблеми, ја намалува болката…

Лимонот е многу значаен во борбата против тешки болести, бидејќи е богат со витамин Ц, а го јакне и имунолошкиот систем и помага во превенција на бројни болести.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 домашни лимони (ако се купечки мора добро да се измијат, зошто потребна е кората)
4 чешниња лук
2 литри вода
3 см корен од ѓумбир

ПОСТАПКА:

Измијте ги сите состојки, а потоа исечете го лимонот на парчиња. Лукот излупете го, а исто и ѓумбирот.

Состојките ставете ги во блендер. Смесата ставете ја во подлабоко тенџере на оган, додадете ја водата и загревајте на тивко. Кога ќе озврие исклучете го огнот и оставете да излади.

Изладената течност процедете ја и складирајте ја во стаклени шишиња кои ќе ги чувате во фриидер.

Лукот нема да се чувствува поради доминантниот мирис на лимонот, но и поради ѓумбирот.

Се пие секое утро по 100 мл на гладно и навечер 2 часа пред спиење. Пред употреба добро се протресува шишето.