Лекарите посочуваат на болести и здравствени нарушувања кои можат да се наследат преку женска линија, односно од вашите баби, мајката и другите женски роднини. Доколку сте жена, прашајте ги своите најблиски женски роднини дали имале некое од следниве заболувања, бидејќи на тој начин ќе можете навреме да се заштитите или да знаете како да ги олесните симптомите.

Остеопороза

Главните жртви на остеопороза се жени на возраст над 65 години. Со текот на годините, заслабнуваат коските, го губат осеинот и стануваат кршливи. Жените се попогодени од ова заболување споредено со мажите.

Мигрена

Тенденцијата на мигрена е поврзана со специфичната активност на мозочните крвни садови, што пак е одредена од генетиката. Строго почитување на правилата за здрав начин на живот може да помогне во спречување на наследните мигрени – одвикнување од цигари и алкохол, строга контрола на внесот на кофеин и заштита од стрес.

Глаукома

Глаукомата може да предизвика целосно губење на видот. Жените чии мајки или други роднини имаат глаукома, мора често и одговорно да посетуваат офталмолог. Тие ја развиваат болеста многу почесто од мажите.

Срцеви заболувања и дијабетес

Смртноста кај жените често се должи на последици од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Секако, постојат генетски фактори кои влијаат врз развојот на овие болести. Доколку вашата мајка, бабите или тетките имаат склоност кон дијабетес, веројатно може да ви се случи и вас.

Рак на дојка или јајници

Гената мутација која е специфична и наследна кај женската лоза е една од причините за рак на дојка и јајници. Доколку во блиското семејство имате случај на ваков рак, тогаш започнете уште денеска со редовен самопреглед на градите и не ги испуштајте посетите на гинекологот.