Негата на кожата е важна во текот на целата година, а особено е важно да ја заштитите од сончевите зраци во лето. Ако уживате во лежење на сонце и го сакате оној исончан тен што непогрешливо кажува дека сте одмарале на плажа, треба соодветно да ја подготвите и заштитите кожата. Тоа е важно не само заради здравјето на вашата кожа, туку и за да го задржите подолго тој исончан тен

Секако, важна е и негата потоа, особено ако не сте се заштитиле доволно, па сте добиле изгореници. За смирување на црвенилото и изгорениците може да ви помогнат и природни состојки кои сигурно ги имате во домот. И да ги немате, не се скапи како многу козметички производи за оваа намена. Тоа се кокосово масло и алое вера.

Дерматологот Гета Јадав, основач на FACET Dermatology, советува прво да нанесете алое вера, а потоа кокосово масло.

– Алое вера гелот овозможува кожата да дише и најдобро се користи на почетокот на изгорениците од сонце. Кокосовото масло е подобро да се користи подоцна во фазата на обновување на изгорениците, кога кожата се лупи.

Исто така, дерматологот напоменува дека треба да го избегнувате силното сонце помеѓу 11 и 15 часот и дека треба да користите крем за сончање со заштитен фактор.