Вкусен и топол пијалок од ѓумбир ќе ве затопли во текот на зимата и ќе ви помогне да се одбраните од настинките и другите болести кои демнат.
Состојки:
– свеж ѓумбир
– 1 литар вода
– 3 мали лажици домашен мед
– 1 лимон
Подготовка:
Излупете корен од ѓумбир и исечете го на тенки парчиња. Ставете го ѓумбирот во тенџере и прелијте го со вода, па варете го овој ароматичен корен најмалку 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа отстранете го од топлината и оставете да отстои уште најмалку 5 минути. Одделете го ѓумбирот од течноста, засладете ја течноста со домашен мед и закиселете со лимон по желба и пијте го жешко.
Причини поради кој треба да готвите пијалок од ѓумбир:
1. Го зајакнува организмот и го јакне имунитетот
2. Го забрзува закрепнувањето при настинки и вируси
3. Го смирува гадењето и нервозата во желудникот
4. Има корисен ефект врз нервниот систем
5. Го потикнува варењето, функционирањето на цревата и ја намалува надуеноста
6. Ја поттикнува циркулацијата
7. Ќе ве затопли во зима