Граѓаните гневни на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче кој со прст не мрднува за пациентите иако тоа го ветуваше пред граѓаните.
Денеска дождот буквално направи „езеро“ во една од уличките во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Видеото кое беше објавено на Фејсбук страната „Здравство- Македонија“, прашува дали пациентите треба да пливаат за да стигнат до потребниот оддел?
Пациентите кои се справуваат со лошите услови во болниците се гневни на тоа што и пред болниците е вистински хаос и мизерија, погледнете.
Каде сте министре Филипче, да излезете да се справите со кризите како тоа што го правеше Коце Трајановски? Каде сте кога е густо на пациентите и на болните? – прашува јавноста. Зошто кога има ваква ситуација пациент неможе око да ви види на место на настанот? Пациентите се прашуваат и воедно бараат одговор од министерот Филипче