Најновото жариште на Ковид-19 кое изби во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е „експлозивно“ по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската управа.
Главниот град на Кина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време, изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг.
Од вкупно 1.946 локални случаи на ковид регистрирани од 22 април, 115 се поврзани со инфекција во кафулињата, додаде Лиу.
Досега државата од 1,4 милијарди жители регистрирала вкупно 5226 починати од Ковид-19. Голем број од населените места во Пекинг биле ставени во карантин, а на жителите им било речено да останат во своите домови, се вели во известувањата на кинеските медиуми.