Од здруженијата на пензионери информираа дека на 20-ти септември кога се одбележува Денот на пензионерите, се подготвуваат за масовен протест во Скопје, на кој очекуваат поддршка од сите националности. Пензионерите не се повлекуваат од реализација на своите барања. Минимална пензија од 18.000 денари, повисоки пензии за 3.500 денари за сите, но и повисоки надоместоци.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека во наредните неколку дена очекува да ги добие податоците од Државниот завод за статистика и официјално ќе се знае дали покачувањето на пензиите ќе биде за 6% или повеќе, зависи што ќе покаже статистиката.

Потенцира дека треба да се мисли и на стабилноста на Фондот. Таа додава дека барањето на пензионерите за минимална пензија од 18.000 денари е многу нереално, бидејќи во државата минималната плата е 20.000.

Вели дека ова може да го оптовари пензискиот фонд и по неколку месеци да нема пари за исплата на пензиите за 330 илјади пензионери.