Иако бубрезите се клучни витални органи, честопати не им посветуваме доволно внимание. Нивната главна функција е да го обработуваат сето она кое го внесуваме, а кога исхраната содржи премногу шеќер, сол и нездрави масти, нивната работа станува уште потешка.
Ова се нештата кои долгорочно ги уништуваат бубрезите:
Газирани пијалаци
Доколку консумирате два или повеќе газирани пијалаци дневно, ризикот од развој на бубрежна болест е поголем.
Во текот на една студија, истражувачите откриле дека кај жените кои пиеле газирани пијалаци по нивната 20-та година бубрезите функционирале полошо во споредба со оние кои не го правеле тоа.
Лекови против болки
Лековите против болки можат да имаат опасни несакани ефекти кои влијаат врз состојбата и функцијата на органите.
Истражувањата покажуваат дека редовното и долгорочното консумирањето на големи количества на лекови против болки може да ги оштети бубрезите и да го намали протокот на крв.
Лекови против желудочна киселина
Лековите наречени инхибитори на протонска пумпа (PPIs), кои ја намалуваат желудочната киселина, исто така можат да предизвикаат оштетување на бубрезите, особено ако се консумираат долгорочно.
Додека некои истражувања сугерираат дека тие го зголемуваат ризикот од развој на хронична бубрежна болест.
Доколку користите лекови против желудочна киселина, посоветувајте се со вашиот лекар за можните алтернативи.
Премногу интензивно вежбање
Прекумерното вежбање може да има сериозни последици, вклучувајќи го и претренирањето, кое може да доведе до рабдомиолиза – медицинска состојба при која оштетеното мускулно ткиво брзо се разградува. Рабдомиолизата настанува кога мускулните влакна оштетени од болест, повреда или токсични материи се распаѓаат и ја ослободуваат нивната содржина во крвотокот. Тешката болест може да предизвика акутна бубрежна повреда. Додека болката во мускулите и темната боја на урината се вообичаени симптоми на оваа состојба.
Рабдомиолизата е особено опасна за бубрезите, бидејќи при разградувањето на мускулното ткиво во крвта се ослободуваат супстанции кои можат да ги оштетат бубрезите и да доведат до нивно откажување.
Затоа е важно постепено да се зголемува интензитетот на вежбите и избегнувањето на вежбање во екстремни услови, како што се висока топлина и висока влажност.
Прекумерен внес на кофеин
Преголемо количество на кофеин може да биде штетно за бубрезите, меѓутоа треба да се спомене дека кофеинот не е присутен само во кафето, туку и во енергетските пијалаци како и многу други популарни пијалаци.
Сепак, експертите велат дека пиењето две до три шолји кафе дневно вообичаено не е причина за загриженост.