Алкохол

Алкохолот дезинфицира рани, но не треба да се нанесува директно на акните на лицето. Запомнете, домашната ракија не е за на лице. Има производи наменети токму за тоа.

Шеќер

Маските со шеќер се одлични за борба против целулитот на нозете и бутовите, но не смеат да се најдат на лицето бидејќи се груби и може да предизвикаат сериозни оштетувања на површинскиот слој на кожата.

Лосион за тело

Самото име кажува, лосионот за тело е наменет за телото. Тој најчесто е повеќе парфимиран од кремите за лице, а тоа воопшто не е корисно за кожата.

Сода бикарбона

И оваа намирница лесно се наоѓа во домашните рецепти за маска и пилинг за лице, но едноставно – немојте.

Лак за коса

Сигурно сте го прочитале шминкерскиот трик за фиксирање шминка со лак за коса. Но, замислете само што се случува на косата и дали би сакале таква хемикалија да заврши во вашите пори? Сигурно дека не.