Во своите кампањи СДСМ со слоганот, бесплатно здравство за сите ги освои симпатиите на помладите гласачи. Но за жал по скоро две години тој живот не дојде. Болните се уште мака мачат да соберат средства за нивното лекување, додека пак за многу хируршки зафати тоа и воопшто не е можно во Република Македонија.
Доказ затоа е и случајот со младата Сара, за која изминатиот период хуманоста на граѓаните на Република Македонија се повеќе се забележува. Граѓаните секојдневно организираат бројни активности и акции со цел да се соберат парични средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.
Насекаде се поставуваат штандови, насекаде се организираат и се одржуваат забави, дури да потсетиме дека пред околу една недела и Зоолошката градина организира парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара.
Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат.
Додека граѓаните собираат пари, по примерот на Заев и министерот, и градоначалникот на Охрид не донираше пари за да се спаси животот на младото девојче. Дури градоначалникот Јован Стојаноски се правдаше дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.
Ветувањето власта кое го даваше секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, за жал како и сите други ветувања го заборавија.