По сета фама што се крена деновиве за тоа дека родителите мора да ги вакцинираат децата со МРП вакцината, дека вакцините се безбедни, дека се од познат производител, дека се набавени не се донација, со самото тоа дека се прогласи епидемија на морбили на териоторија на Град Скопје и после сето тоа вакви работи. Ова е недозволиво!!!
Затоа родителите се бунтуваат и со право и не сакаат да ги вакцинираат децата, затоа што министре Филипче никој не може да се потпре на исказите или изјавите што вие ќе ги дадете посебно не за ваква деликатна и чувствителна тема. Кај вакцина која може да предизвика милион спорадични ситуации. – посочуваат загрижените родители по социјалните мрежи
И покрај вонредниот инспекциски надзор кој во изминатите два дена го изврши комисијата формирана по барање на министерот за здравство, Венко Филипче, покажа дека сите МРП вакцини со кои се имунизираат децата се со важечки рок и целосно безбедни. Иако тоа е официјлано соопштение од Министерството за здравство, како некој повеќе да верува на тоа што вие како министерство го лиферувате.
Како да знаат родителите дека сите вакцини кои се увезени не се со поминат рок, дека тоа се нивните фабрички декларации па после само тука се прави замена на декларациите и лековите се тука. Нови со уредни рокови и нема ништо страшно вакцинирајте ги вие родители вашите деца, се е во ред. Земајќи го минатото на министерот Филипче, на неговиот чичко, татко и аферите со препакување лекови кои ги поврзуваа како фамилија во јавноста, не верувам дека било кој родител ќе остане рамнодушен после ваквите шокантни вести?
Надзорот при инспекција наишол на лекови кај увозникот кои не соодвествувале со рокот на употреба, па била сменета само декларацијата се претпоставува на усно одобрение и се поминало така. Инаку што точно се случило прочитајте во продолжение:
- Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата „Македонија лек“ бил направен технички пропуст. Имено, компанијата „Македонија лек“, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата „Македонија лек“. Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Никој не излегува јавно да каже како можело да се случи вакво нешто? Каде е министерот Филипче да посочи и да објасни што се случува, има или нема вакцини и какви се? Каде е Филипче да ја објасни целава ситуација?