Хрватскиот национален штаб донесе нова одлука поради појавата на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка, за кој се верува дека е поотпорен и позаразен.
– Денеска штабот ќе донесе посебна одлука за ограничување на преминувањето на државната граница, со оглед на појавата на нова варијанта на вирусот. Новата варијанта има потенцијал да биде позаразна од варијантата делта, така што ќе се направи одредена препорака за земјите членки на ниво на ЕК, а ние ќе ги наведеме земјите од кои ќе биде забрането пристигнувањето или хрватските државјани кои доаѓаат од тие земји ќе мора да одат во 14 – дневен карантин – изјави началникот на Генералштабот и министер Давор Божиновиќ.
Тој рече дека станува збор за Јужна Африка, Боцвана, поранешен Свазиленд, Намибија, Зимбабве и Хонг Конг, пишуваат хрватските медиуми.