Ако некогаш сте се обиделе да изградите огромни мускули, можеби сте забележале дека ова не е лесна задача. Всушност, ова е фрустрирачки за многу од спортистите и оние кои вежбаат и тие се свртуваат кон анаболни стероиди за да добијат силна предност. Обично, стероидите што ги користат спортистите се синтетичка верзија на машкиот полов хормон тестостерон и имаат врска со стероидниот циклус во телото. Во оваа смисла, анаболните стероиди се моќни хормони кои влијаат на целото тело и неговите основни функции, но она што е најважно за бодибилдерите, е дека тие имаат способност да го зголемуваат протеинот во скелетните мускулни клетки. Ефектите на стероидите врз телото се всушност многу пати поголеми и може да варираат од личност до личност, како и во зависност од видот, дозата, типот на телото, генетски и други фактори.
Општо земено, еве кои се најчесто забележаните ефекти од употреба на стероиди:
Позитивни ефекти:
- Зголемена испорака на кислород до мускулните клетки;
- Подобрен атлетизам;
- Забрзување на согорувањето на мастите;
- Многукратно подобрена мускулна сила и маса.
Негативни ефекти:
- Келавост;
- Нарушена функција на црниот дроб;
- Оштетување на крвните садови;
- Хормонален дисбаланс;
- Висок крвен притисок;
- Брзи промени во расположението, вклучително и депресија;
- Болна ерекција;
- Импотенција;
- Намалено број на сперматозоидите и неплодност;
- Контракција на тестиси;
- Зголемување на градите кај мажите;
- Влакнавост на лицето кај жените;
- Поголем ризик од хепатитис Б и Ц;
- Поголем ризик од истегнување на тетива;
- Поголем ризик од проблеми со зглобовите;
- Поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања и карцином;
- Зголемена раздразливост и агресивност;
- Прерана смрт.
Како што можете да видите, негативните ефекти на стероидите многу пати ги надминуваат нивните корисни аспекти.
За повеќето луѓе, линијата помеѓу злоупотреба и употреба брзо станува премногу тенка. Многу од луѓето водени од силната мотивираност да добијат уште поголеми резултати, завршуваат со ризикување на своите животи од неодговорната употреба на оваа моќна „дрога“.
Да, градењето мускули е тешко, но исто така е процес кој ќе ве награди со многу подобро здравје. Од друга страна, добивањето непосредни резултати доаѓа со одредена цена, што во повеќето случаи влијае на вашето здравје. Доколку барате подобар изглед, подобро да се подпрете на алтернативни додатоци во исхраната, како што се креатин и храна и додатоци кои се тестостеронски засилувачи и кои резултираат со зголемена продукција на стероиди. Се разбира резултатите се побавни, но исто така безбедни и без горенаведените несакани ефекти.