Спиењето со миленичето има многу позитивни аспекти, бидејќи овие пријатели се неограничен извор на топлина, љубов и нежности. Сепак, докторите велат дека спиењето со животни може да биде одличен начин да си наштетите на здравјето.
Не зборуваме само за гребаници и влакна на перницата, туку за посериозни последици како инфекции, паразити, па и можни промени во однесувањето на животинчето.
Добри причини заради кои треба да престанете да спиете со миленичето во ист кревет:
- Токсоплазмоза
Ова заболување е предизвикано од паразит што може да доведе до сериозни последици на мозокот. Може да се пренесе преку контакт со мачка, посебно во сон, кога ги допирате усните и лицето до неговото тело. Посебно е опасно за луѓе со слаб имунитет и за бремени жени.
- Менингитис
Животните исто така може да патат од менингитис и да го пренесат ова заболување на човекот преку лижење на лицето (што се случува во сон), или кога сте во близок контакт со лицето на миленичето.
- Златен стафилокок
Зголеменото ниво на оваа бактерија може да предизвика сериозни заболувања кај човекот, а се пренесува од животно на човек преку плунка.
Со оглед на тоа што миленичињата ја користат можноста за таков начин на искажување љубов кога спијат со вас, јасно ви е зошто треба да ја отстраните таа навика.
- Паразити
Секој сопственик на милениче го проверува редовно и се справува со овој проблем, но сепак никогаш не може да бидете 100% сигурни.
- Со близок контакт со животинчето, може да ви пренесе:
Дерматофитоза – период на инкубација од 8 до 30 дена
Анкилостомна инфекција – ларва која влегува во телото преку кожа
Други видови паразити кои може да ви предизвикаат сериозен здравствен проблем
- Агресија
И секако, не заборавајте дека некогаш кучињата го чувствуваат креветот како нивна територија и не дозволуваат никој да се приближи.
Мачките исто така може да станат агресивни за нивната територија, а ова менување во однесувањето на миленичињата може да создаде проблеми кај сопствениците за кои не се ни свесни.