Еве три рецепи за домашни маски кои се одличен избор за природни маски кои истовремено ја чистат кожата и ѝ го враќаат младоликиот изглед.
Маска од мед, цимет и каранфилче
Состојки: 2 лажици мед, 1 лажица цимет, 1 лажица каранфилче
Подготовка: Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги да се поврзат. Добиената смеса нанесете ја на чисто лице и оставете да делува пред да ја измиете со млака вода. За време на миењето на маската, мијте го лицето со кружни движења за да отстраните нечистотијата од порите.
Маска од цимет за нежна кожа
Состојки: 1/4 шолја бел шеќер, лажичка маслоново масло, лажичка цимет, лажичка ѓумбир
Подготовка: Измешајте ги наведените состојки па добиената смеса тријте ја со кружни движења на кожата и оставете да делува 10-15 минути. После тоа измијте ја кожата со млака вода, па нахранете ја со хидрантна крема. Шеќерот и циметот ќе делуваат како пилинг, а маслиновото масло ќе ја смири кожата и нахрани.
Маска од мед за чистење на порите
Состојки: 2 лажички мед и 1/2 лажичка сок од лимон
Подготовка: Измешајте ги состојките во смеса, нанесете ја на лицето и оставете да делува 20-30 минути пред да ја измиете. Сокот од лимот ќе ја исчисти кожата и ќе ги осевтли депигментациските нечистотии, а медот ќе ја нахрани и ќе и помогне што подолго да ја задржи влагата.