Резултатите за ковид-19 на 16-годишното девојче и првозаболената пациентка се негативни

Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките…

Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на коронавирус е и 16- годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест која беше тестирана на инфективната клиника.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти чии резултатите се исто така негативни на овој вирус.

Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено.  Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.


Related Articles