Родителите на средношколци по медицина до Филипче: Мора ли децата да одат на пракса во клиниките кога има епидемија со морбили?

Средношколците од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и покрај прогласената епидемија со морбили, како и ситуација во која се зголемува бројката на заболени од грип, сепак одат на пракса…

Средношколците од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и покрај прогласената епидемија со морбили, како и ситуација во која се зголемува бројката на заболени од грип, сепак одат на пракса во клиниките во кампусот Мајка Тереза.

Родителите загрижени за здравјето на своите деца биле и на средба со надлежните во училиштето, но без одговор дали нивните деца ќе прекинат со пракса во овој период или не.

-Бевме на средба но, немаме одговор. Нејасно ни е зошто децата мораат да одат на пракса по клиниките кога се забранети и посети, ограничено движење и слично. Во училиштето има посебни простории опремени за практичната настава. Тоа значи дека не мора да одат на пракса на Клиника, велат родителите.

Тие се дополнително загрижени и поради фактот што на децата не им даваат ниту маски за заштита.

-Дали во услови на епидемија со морбили и ситуација кога и бројката на заболени со грип е на пат да прерасне во епидемија е неопходно децата да одат на пракса која може да ја извршуваат и во посебни простории во училиштето…во училиштето има услови, прашува родител.

Тие бараат одговор и од министерот за здравство, Венко Филипче, да пресече и да се изјасни по нивното прашање.

Во периодот откако е прогласена епидемијата починати се три деца, заболени се деца со малигни болести, вработени, затоа велат родителите одговор за нашите деца кои се незаштитени треба да даде министерот.
Во меѓувреме пак, како што велат наши извори испитите на студентите по медицина кои се полагаат практично, се пролонгирани се додека не се стави крај на епидемијата со морбили.


Related Articles