Почитувани, соопштение дека си ја „продадовме кожата на ѓаволот“
Сакаме да Ве информираме за успешно завршените преговори за покачување на платите на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје. Истовремено сакаме да го изразиме нашето задоволство од одржаните средби со премиерот на Република Македонија, г-динот Зоран Заев и Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, на која се изнајде заеднички прифатливо решение во врска со покачување на платите на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје. Крајниот резултат од преговорите за покачувањето на платите е следниот:
– доктори специјалисти и наставно-научен кадар ………………….. 10%
– доктори по општа медицина и доктори на државна специјализација вработени во Клинички центар ……………………….. 5%
– здравствени работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) …. 8%
– болничари – транспортери и останат помошно-технички персонал ….. 8%
Овие покачувања на основната плата ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година. За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за 5%, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година. При ова, е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.
Скопје, 27.12.2018 година Со почит,
Синдикат на Клинички центар, Скопје
Тука може само да се запрашаме дали сето ова беше една голема местена игра со две цели, првата беше во моментот на штрајкувањето дали требаше само да се скрене вниманието од настаните кои се случуваа во собранието и второто со ова малоооо покачување не се ли затвора устата на сите оние кои имаа или сакаа нешто да кажат против министерот. Главниот тути капо ди медичи, глваниот во здравството, Венко Филипче.
Ако ова ви заврши работа со покачувањето тогаш алал нека ви се парите, сега мудро и задоволно молчете си зошто земавте капар, сега министерот може слободно да си намести по некој тендер, па и да направи некоја грешка, вие сте тука да го оправдате нели? Па, на крајот на краиштата на вас ви даде покачување, Зар не? – дел од упатените искоментираа на социјалните мрежи
Мора да се напомене секоја чест на исклучоците кои нема да престанат и ќе продолжат со отпорот против најлошиот министер за здравство до сега и ќе бараат подобро здравство за нив, за македонските пациенти, за сите граѓани на Македонија! – беа дел од коментарите посочени на социјалните мрежи откако осамна соопштението од синдикатот на клиничкиот центар во скопје.