Коронавирусот зема уште 7 жртви од Македонија за само 24 часа. Вкупниот број на починати лица е 140.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица. Двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.