Нападната медицинска сестра во Детска клиника Козле, нападната сестра на КАРИЛ, нападната сестра на Онкологија на Детската Клиника при кампусот Мајка Тереза. Ова се информации кои се појавија во јавноста само за неколку дена. Реагираше министерот за здравство Венко Филипче, но фелата не реагира. Поточно не реагира Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, практично не реагираат нивните колеги.
На Педијатрија деновиве била удрена медицинска сестра, инциденот спречен.
-Буквало се влечеа по ходниците. Невидена работа, вели сведок на настанот.
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување(КАРИЛ) во раните утрински часови мајка која ја информирале дека синот и починал исто нападнала сестра.
-На клиниката мајката прво налета на сестрата со буткање на вратата, велат за Здравство.мк.
По овој настан од КАРИЛ апелираа да престанат ваквите појави затоа што ова им оневозможува професионално работење.
– Медицинската сестра не се здобила со тешки телесни повреди. Таа сега ќе оди на боледување и на психијатриска проценка за да можеме да и помогнеме во овој процес да соочи со ваквата ситуација. Таа била буквално изненадена од нападот. Многу е вознемирена, како и целиот персонал. Денес се работи во тешки услови. Во суштина многу често се случуваат вакви работи. На Ургентен и на КАРИЛ сме да удар на роднините на пациентите. Сите пациенти кои доаѓаат кај нас се најтешко болните. Најостро го осудувам овој акт кој е осуден и од целиот персонал на КАРИЛ. Сакаме поголема заштита, изјави раководителката на Клиниката за анестезија, Маја Мојсова.
По овој настан реакција и од министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека го осудуваат секој вид насилство врз здравствените работници, како и дека ги разбираат семејствата на пациентите.
– Со министерот за внатрешни имав телефонски разговор и во текот на денот или утре ќе ги разгледаме сите алтернативи кои ни се на располагање за да ја зголемиме безбедноста тука во кампусот и на критичните места на клиниките, пред се мислам на Ургентниот центар и таму каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Не може да се забрани посета. Сметам дека најсодветно е тоа да бидат припадници на МВР и во таа насока ќе биде дискусијата, изјави Филипче.
Деновиве се обелодени и вест дека пред околу година дена била нападата медицинска сестра на Детската клиника Козле. Таа била нападата од менаџерот на болницата зошто реагирала зошто се одржуваат вечери за Ифтар во Детската клиника.