Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се оградува од загадувањето, посочува дека е немоќен и не знае како да се справи со загадувањето иако на неговта партија и на власта чистиот воздух им беше главен адут за да дојдат на власт. Сега Градоначалникот Петре немајќи излез од неработењето на власта и сопствената неспособност да се справи со загадувањето преминува кон најпознатиот метод во политиката, а тоа е: „друг е крив не сум јас“, така да според него метрополата ги живее последиците од, како што вели, тоталната негрижа за Градот и на животната средина во изминатите три децении. Сите се криви само не е Петре.
– Досегашните централни и локални власти не го решаваа проблемот со аерозагадувањето во неговата суштина. Најголема грешка што ја правиме сите е да дадеме третман дека загадувањето може да се реши преку ноќ – рече , вели Шилегов
Тој рече дека во изминатите две години се поставени сите услови за суштинско решавање на проблемот и оти се работи на намалување на загадувањето – трансформација на јавниот превоз и зајакнување на инспекцискиот надзор.
Очекува претпријатието „Градски енергетски системи” до крајот на годината да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија и да се поврзат трите топловодни мрежи на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север. Готова е и проектната документација за спојување на овие три топлински мрежи.
– Топловодните мрежи во нашиот град беа нелегализирани. Изработивме 17 елаборати за легализација на топловодната мрежа за да може да го преземеме правото за користење и очекувам по Нова година кога ќе ја добиеме лиценцата да ги поврземе овие топловодни мрежи и да влеземе во правењето на најевтината и најеколошката енергија до што е можно повеќе домаќинства – рече Шилегов.
Дали е ова само уште еден трик за привлекување на гласови во месеците пред избори или нешто сосема друго, не се знае, но бидејќи се виде до сега дека се дадоа безброј ветувања ништо не се исполни, изгледа и на ова ново ветување за гласови и гребење кај скопјани за втор мандат не му се пишува светла иднина. Народот посекако ќе почека да види, но со веќе познати играчи и мината историја некако однапред се знае што да се очекува….разочарување….. доволно беше и до сега градоначалнику – реагираат граѓаните преку социјалните мрежи.