1. Се зголемува нивото на киселини во стомакот
Кафе испиено на празен стомак го зголемува производството на хлороводородни киселини, што е лошо за луѓето кои боледуваат од гастритис и имаат зголемено ниво на киселини во стомакот. Затоа расте и ризикот од создавање на чир, а се зголемуваат и шансите за хроничен гастритис.
2. Станувате анксиозни и подложни на стрес
Кафето влијае на зголемување на хормонот на стрес, посебно ако се пие на празен стомак. Храната има смирувачко дејство на организмот и го ублажува негативното дејство на кафето, секако ако се работи за здрава храна.
3. Се намалува нивото на хормонот на среќа
Кофеинот го попречува производството на серотонин, кој е одговорен за чувство на среќа и задоволство. Неговиот недостаток е главна причина за депресија и ментални болести.
Иако откако после пиење на овој омилен пијалак на празен стомак прво ќе почувствувате подигање на расположението, сепак после час или два, тоа чувство ќе опадне.
Ако пиете кафе неколку пати во текот на денот, лачењето на серотонин ќе почне да зависи од надворешните фактори, а не од работата на организмот.