Шведска размислува за давање трета доза на вакцина против коронавирус на поголем дел од населението од страв дека заштитниот ефект на две дози од вакцината не е доволен и дека може да почне да опаѓа со текот на времето, објави денеска Агенцијата за јавно здравје. Здравствената агенција неодомна воочи дека има околу 40.000 луѓе на кои им е потребна трета доза на вакцина, но денес соопшти дека овој број на луѓе наскоро би можел да се зголеми.
– Постојат знаци од странство кои покажуваат на тоа дека заштитата од вакцинацијата по некое време исчезнува, особено кај постари лица, изјави на конференцијата за новирани, Сара Бифорс, официјално лице на Агенцијата за јавно здравје. Бифорс истакна дека е важно таа потреба од дополнителна заштита да се исполни со трета доза.
Шведска досега вакцинираше 83 % од населението над 16 години со една доза, а 76 % ги примија двете дози. Земјата одлучи дека е против карантин за време на пандемијата на коронавирусот, а во сила се претежно доброволни антиковид мерки. Повеќето мерки и препораки против коронавирусот, како што е наведено, ќе бидат завршени следната недела.