Каква е храната која ја конзумираат македонските граѓани? Оваа дилема не е нова во Македонија, ниту им е непозната на македонските граѓани. Според добро упатени извори во оваа проблематика, наидовме на податок дека е можно македонските граѓани да конзумираат производи кои во себе содржат одредена доза на радијација.
Станува збор за производи кои можат да се најдат во маркетите во државава. Во оваа палета на производи се опфатени морска храна како ракчиња, лигњи, лосос, ослиќ, па се до школки. Постојат сомневања од добро упатени извори во оваа област, кои ни посочуваат дека дел од морската храна која се нуди по маркетите е уловена во областите погодени од несреќата во Јапонија, каде нуклеарниот реактор на Фукошима, после цунамито кое го погоди јапонскиот брег почна да излева радиоактивен матријал во Пацификот.
Од Агенцијата за храна велат дека не се информирани дека има вакви производи во продажба и оти поради тоа ќе испитаат да видат за што станува збор.