Во текот на изминативе неколку дена, медиумите во Словенија пренесуваат дека потврдена е нова омикронска подваријанта на коронавирусот. Маските во земјата повторно се враќаат, а подваријантата забрзано се шири.
Станува збор за најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија, кои покажале дека помеѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционирале помеѓу 24 март и 7 април, потврдена е нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус.
Новите симптоми што овој вид коронавирус ги носи со себе се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации.
Во моментот во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус. Според податоците од Светската здравствена организација, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот.
– Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена, соопшти СЗО.
Се додава дека тоа би можело да значи дека арктурус би можел побргу да се шири, но нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.