По објавата на министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните медиуми дека оваа година започнуваат со изградба на Клинички центар во Скопје.
Овие денови истиот министер ја откри истата локација на изградба на новиот Клинички, и тоа ќе биде на државно земјиште во Ѓорче Петров. Истата локација ќе се протега на површина од 90 хектари. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано.
– Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.
Самиот министер е убеден дека до 2020 година граѓаните ќе го добијат долго најавуваниот Клинички.
Како тоа ќе го направи министерот останува дилема. Дали министерот има магично стапче со кое веднаш ќе никне новиот Клинички. Бидејќи ако се вратиме во реалноста Клинички граѓаните нема да го добијат до 2020 година.
За да се започне изградбата потребно е локација, имотно правни односи, елаборат, проект и изведувач. За да се изработи елаборат и проект минимум потребни се година ипол дена.
Сепак од тука се поставува прашањето дали министерот манипулира со јавноста во врска со Клиничкиот центар.