Македонскиот народ по којзнае кој пат ја покажа својата хуманост. Собрани се парите кои беа потребни за лекување на малата Кара.

„ПАРИТЕ КОИ БЕА ПОТРЕБНИ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА МОЈАТА КЕРКА КАРА СЕ СОБРАНИ
ИМ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ НИ ПОМОГНАА И СЕ ВО ОВАА БОРБА ЗАЕДНО СО НАС“ – напиша нејзината мајка на социјалните мрежи.

На дванаесетгодишната Кара од Скопје итно и е потребно дијагностицирање, а потоа и лекување на ретката болест кое е неопходно да се направи во Шпанија, Барселона во болницата San Joan de Deu Barcelona Hospital.

Кара лежеше на Клиниката за детски болести во Скопје. Само за дијагностицирање на болеста (14 дена испитувања и престој во болницата во Шпанија) потребни се 22.811 евра.

По објавениот апел граѓаните се сплотија и парите се собрани.