Сојот омикрон зарази нови тројца пациенти во Македонија

Според најновите информации кои се пренесоа во дел од македонските електронски медиуми, кај тројца пациенти во земјава е регистриран подвидот на сојот омикрон, БА.2. Станува збор за двајца пациенти од…

Според најновите информации кои се пренесоа во дел од македонските електронски медиуми, кај тројца пациенти во земјава е регистриран подвидот на сојот омикрон, БА.2. Станува збор за двајца пациенти од Скопје и еден пациент од Струмица.

Информациите посочуваат дека во лабораторијата на Институтот за јавно здравје направена е типизација на 41 примерок од кои 35 граѓани се носители само на омикрон, додека тројца на новиот подвид.

Исто така, во земјва се уште е присутен и делта сојот, кој дава потешка клиничка слика на заразените.

Според симптомите, сојот омикрон е позаразен и побрзо се шири, но исто така има полесна клиничка слика.


Related Articles