Денеска времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -9 до -3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени.

Утре утрото ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, претежно сончево со слаб јужен ветер и температури до 22 степени.

Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.