Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 23 до 29 ноември, 2020 г. намален е бројот на нови случаи. Тестирани се вкупно 18.767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 4,6% помалку во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=1.624, 24,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.409; 20,9%), 40-49 (n=1.258; 18,7%), 50-59 (n=1.210; 17,9%) и 20-29 (n=877; 13,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=99; 1,5%) и 10-19 години (n=261; 3,9%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 23 до 29.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје