Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи два до девет степени, а дневната во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде 12 степени.
Продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.