Надуеноста се дефинира како отекување на стомакот, кое воглаво е болна и непријатна состојба, а еве зошто стомакот е надуен и на која болест оваа појава упатува.
Гасовите се една од главните причини за надуеност. Најдобро се лекуваат со одбегнување храна која предизвикува гасови (мешунки, кромид, брокула, прокељ). Втора причина е запекот, кој се лекува со вклучување во исхраната на намирници кои се богати со влакна и со изведување лесни вежби (прошетка од околу 30 минути дневно). Голтањето воздух е исто така причина, па немојте да зборувате додека јадете, седете исправено додека јадете и одбегнувајте газирани пијалоци.
Интолеранцијата на храна може да предизвика болки во стомакот, надуеност и гасови. Воглавно се јавува интолеранција на глутен и лактоза, a ако често ги имате овие симптоми, важно е да направите тест за интолеранција на храна. Иритираноста на цревната флора е честа причина за надуеност на стомакот, а симптомите се дијареја и запек. Целијакијата е хронично заболување кое се карактеризира со неможност на организмот да свари одредени намирници, како што се глутенот, различни видови житарки и белковини. Ова заболување не се лекува, туку организмот се навикнува на долгорочна диета без овие намирници.