Светската здравствена организација повторно со предупредување. Сега се повеќе во светот се зголемува бројот на младите луѓе кои заболуваат од коронавирусот, но и умираат од.
– Гледаме се повеќе и повеќе млади лица кои имаат тешки симптоми. Според податоците кои ни пристигнуваат од гоолем број држави од Европа, гледаме дека расте бројот на починати кои се на помлада возраст. Некои од нив имале и други хронични заболувања, но, некои не, изјави д-р. Марија Ван Керков од СЗО.
Моментално во Италија, земјата која во Европа и воопшто во светот има најголем број смртни случаи, појаснува др Керков, 10 до 15 отсто се млади луѓе под 50 години кои се лекуваат на одделенијата за интензивна нега. Во Јужна Кореја, на пример, едно од шест лица кое умира е помладо од 60 години.
Тешки симптоми може да имаат и децата. Минатата недела, светските здравствени експерти ја презентираа кинеската студија спроведена врз 2.143 деца кои биле суспектни или биле регистрирани како случаи заразени со Ковид 19. Истражувањето покажало дека во 90 проценти, децата имале благи или умерени симптоми, некои биле и без симптоми, но 6 отсто до случаите завршиле многу сериозно и критично.
Во Лондон пред неколку дена од вирусот почина почина 13-годишниот Исмаил Мохамед Абдулвахаб, а немаше други здравствени проблеми. Исто така, смртен случај на дете е регистриран во португалија, станува збор за 14 годишно момче, како и во Белгија, каде почина 12 годишно девојче заразено со Ковид-19.