Светската здравствена организација смета дека ХИВ-вирусот потполно ќе се искорени до 2030 година. Целта нановата програма е да не се дозволи веќе да се роди дете заразено од вирусот ХИВ, а оние кои боледуваат од оваа болест да се лекуваат со лекови кои им нудат најдобра шанса за квалитетен живот.
Сидата од смртоносна болест стана болест што може да се контролира. Благодарение на лековите што се покажаа многу делотворни, со ХИВ/сида моментално живеат околу 21 милион луѓе во светот.
Лековите постојано се доразвиваат и стануваат поефикасни и сè подостапни, па целта за искоренување на оваа болест за 12 години и не изгледа толку нереално.
Во 2016 година бројот на лица заразени од ХИВ се намалил за 40 отсто во однос на 2015 година