Само ден подоцна откако министерот за здравство Венко Филипче го промовираше проектот за централизирање на медицинските лаборатории, со реакција се јави неговиот претходник Арбен Таравари.

Ваквиот проект ќе ги потикне пациентите за анализи да се упатуваат кон приватните лаборатории посочува Таравари.

Таравари, пред да стане градоначалник на Гостивар, беше министер за здравство, смета дека Македонија не е подготвена и нема лаборатории, кои би можеле да се соочат со големиот наплив на анализи.

„На пример во Полошкиот регион има само во Тетово. Сите граѓани од општините од Полошкиот регион, крвта што се собира во државните болници, треба да се испрати во Тетово и таму ќе се соберат многу резултати, од сите центри, од сите матични лекари. Навистина ќе настане хаос“, вели Таравари.

 

Според Таравари, актуелниот министер, Венко Филиче за шест месеци ќе се повлече од овој план.

„Да кажеш дека во Македонија ќе се централизира контролата на лабораториите во 8 центри, е бесмислено. Мислам дека е скандал, ова да го каже еден министер за здравство. Како и да е, се надевам дека ќе го сменат ставот и ќе се повлечат од ова. Не знам земја во светот, нека ми каже една земја во светот каде има централизирани лаборатории“, порача Таравари.

Од друга страна актуелниот министер за здравство за новиот систем на функционирање на лабораториите, информира дека споре него, со оваа метода државата би имала заштеда од неколку милиони евра од реагенсите кои се фрлаат како неискористени.

Поддршка за ваквиот модел добивме од Светската банка, вели Филипче, со која Македонија соработува за подобрување на здравствената заштита. Според новиот проект на министерството, биолошките анализи би се испраќале во 8 лабораториски центри, кои би се наоѓање во најголемите градови во земјата. Потоа, тие преку електронски систем ќе им ги префрлаат на матичните лекари. Се очекува две вакви лаборатории да се отворат во Скопје, а по еден во Тетово, Битола, Штип, Охрид, Струмица и Куманово.

Кој може да им најде крај на новата власт, на новиот министер за здравство Венко Филипче, дали со татко му препакува лекови, дали одлуките ги носи набафтана или промислено, дали нема идеи или само ја подржува работата до сега што ја имплементираше претходната власт, едноставно граѓаните се прашуваат и неможат да дефинираат. Бидејќи и вака и така веќе е хаос во здравството, но кога ќе се види дека и самите љубители на власта и до вчера партнери кои се држеа за рака ќе почнат да се кошкаат и да си префрлаат тогаш од авион може не само да се види туку и да се помириса дека тука нешто смрди, не е се чисто, затоа министре народот ништо не ви верува и е разочаран од вас како министер!!!

Здравството во ХАОС!!!